
САД го продолжија рокот за завршување на преговорите за продажба на странските средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“ продолжувајќи ја општата дозвола за компаниите да го подготват теренот за склучување на договорот до крајот на февруари.
САД ја продолжија дозволата првпат на почетокот на декември поставувајќи го 17 јануари како краен рок за потпишување договорите за продажба со „Лукоил“.
Рокот за склучување трансакции со меѓународната мрежа на бензински пумпи на „Лукоил“ е продолжен од страна на Канцеларијата за контрола на странските средства (OFAC) при Министерството за финансии на САД до почетокот на декември до 28 април оваа година.
Во вчера објавената одлука OFAC забележува дека ќе „ги оцени сите понуди за купување на „Лукоил интернешнл“ врз основа на фактори што ги поддржуваат целите на националната безбедност и надворешната политика на САД“.
Американското зелено светло за понудите ќе биде условено, меѓу другото, со прекинување на сите врски на „Лукоил интернешнл“ со матичната руска компанија и депонирање на средствата што му се должат на „Лукоил“ на сметка во рамките на американска јурисдикција до укинување на санкциите, пренесуваат руските медиуми.
