
Соопштение за јавност на ВЛЕН:
Уште едно историско достигнување на ВЛЕН. Библиотеката „Кочо Рацин” во Тетово за првпат станува универзитетска библиотека. Студентите и професорите добиваат повеќе можности за студирање и научна работа.
На предлог на министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, е усвоена одлука за проширување на дејноста на библиотеката. Со ова, студентите, професорите и истражувачите ќе имаат поголеми можности за користење на литературата и библиотечните услуги.
За подготовка на испити, пишување дипломска работа или научно истражување е потребна соодветна литература. Со универзитетскиот статус, библиотеката ќе може подобро да одговори на овие потреби, а ќе продолжи да им служи и на сите граѓани.
Зад секој студент стои и трудот на неговото семејство. Работиме студентите и нивните семејства да ја добијат потребната поддршка, а младите да имаат можности да се развиваат тука, во својата земја. За тоа сме во власта и за тоа работиме секој ден.


