
Педесет и седумгодишен тетовчанец е лишен од слобода поради тоа што долг период вознемирувал 18-годишна девојка. Тој ја следел и ја снимал со мобилен телефон.
Според информациите од полицијата, вчера околу 12:10 часот на улицата „Јадранска“, полициски службеници го уапсиле Е.И. (57), постапувајќи по претходна пријава од оштетената. Во пријавата било наведено дека мажот континуирано ја следел девојката, ја вознемирувал и ја снимал без нејзина согласност.
Од СВР Тетово информираат дека по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.
