Skip to main content
Свет

Трамп со закана до сите земји не го подржуваат за Гренланд

16/01/2026  18:31

Американскиот претседател истакна дека можно е да воведе царини за земјите кои му се противат, оние земји кои не го подржуваат неговиот обид да стекне контрола врз Гренланд.

Повторените забелешки на американскиот претседател за преземање контрола врз арктичкиот остров предизвикаа значителен немир во рамките на НАТО. Европските сојузници силно го отфрлаат овој потег и сега бараат зајакнување на безбедноста околу Гренланд, главно автономна територија која е дел од Кралството Данска.