
Алваро Арбелоа привремено на клупата на Реал Мадрид Прилог: Реал Мадрид официјално го назначи Алваро Арбелоа за привремен тренер, по заминувањето на Чаби Алонсо.
Поранешниот дефанзивец на клубот ќе го води тимот до крајот на сезоната. Арбелоа истакна дека ја прифаќа одговорноста со голем ентузијазам и дека веднаш по назначувањето разговарал со Алонсо. На настанот присуствуваше и директорот Емилијо Бутрагењо, а Арбелоа веднаш имаше и прв тренинг со играчите.
