
Реал Мадрид го отпушти досегашниот тренер Чаби Алонсо. Негова замена ќе биде Алваро Арбелоа. Отказот стигна по поразот во финалето во шпанскиот Супер куп од Барселона.
Инаку, Алонсо на клупата на „кралскиот клуб“ дојде летово од екипата на Баер Леверкузен.
Во соопштението не е наведено кои се причините за прекинот на соработката, но никој не беше задоволен од резултатите, а Алонсо имаше недоразбирања и со играчот Винисиус.
