Skip to main content
Свет

Трамп на Википедија прогласен за претседател на Венецуела

12/01/2026  16:23

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата мрежа Truth Social објави слика од симулирана страница на Википедија на која е прикажано дека тој е и вршител на должноста претседател на Венецуела, покрај тоа што е 45-ти и 47-ми претседател на САД.

Британскиот „Индипендент“ оценува дека станува збор за шега на сметка на привремената претседателка на Венецуела, Делса Родригез, која ја презеде функцијата по кратката американска воена операција во Каракас на 3 јануари, кога беа заробени Николас Мадуро и неговата сопруга.

По операцијата, Вашингтон најави управување со Венецуела додека земјата не се стабилизира за слободни избори, а привремено раководство беше предводено од американскиот државен секретар Марко Рубио, со силно вклучување на Трамп. Трамп исто така ја коментираше иднината на венецуелските природни ресурси и потенцијалните инвестиции, но извршниот директор на ЕксонМобил смета дека земјата не е погодна за вложувања во овој момент. Исто така, Трамп се закани и на Куба дека повеќе нема да смета на поддршката од Венецуела, потенцирајќи дека Рубио би можел да биде назначен за идниот лидер на комунистичката земја.