Skip to main content
Балкан

(Видео) Падна таван во познат мол во Солун

11/01/2026  11:08

Дел од таван паднал синоќа во еден од најпознатите шопинг молови во Солун, популарниот Космос.

Инцидентот се случил на првиот кат, во делот каде што се сместени рестораните и објектите за брза храна, место кое вообичаено е преполно со посетители.

Според досегашните информации повредена е една 45годишна жена која со возило на Итната помош била пренесена во болница во Солун

Космос е еден од најпосетените шопинг молови во Солун особено од страна на македонските граѓаните