Skip to main content
Хроника

Почина Милорад Косановиќ

04/01/2026  12:38

Почина Милорад Косановиќ, искусниот фудбалски стратег, на 75 години во Нови Сад.

Косановиќ починал по кратко боледување. Тој во својата тренерска кариера на два пати ја водеше Црвена Звезда, а стартуваше во Војводина.

Имаше и богата интернационална кариера, како селектор на Малта, а беше тренер и во далечната Кина, во екипите на Вухан и Далијан.