Skip to main content
Македонија

Пожар во техничка соба на хотел-ресторан кај Делчево

02/01/2026  17:43

На 1 јануари 2026 година, околу 09:48 часот, дел од хотел-ресторан на патот Делчево – Македонска Каменица се запалил, објави локалната ТВ Стар.

Според официјалните информации од МВР, пожарот избувнал во техничката соба на првиот кат на објектот. Пожарникарите интервенирале и го изгаснале огнот, а среќата е што нема повредени лица.