Skip to main content
Македонија

Утре променливо облачно со дожд и снег на планините

02/01/2026  17:40

Утре времето ќе биде променливо облачно. Во западните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, на моменти засилен јужен ветер. Минималните температури ќе се движат од -8 до 1 степен, додека максималните ќе достигнат од 6 до 12 степени.

Во Скопје, исто така ќе биде променливо облачно, со повремен слаб дожд во одредени делови од котлината. Ветерот ќе биде умерен од јужен правец, а температурите ќе се движат од -4 до 8 степени, информира УХМР. Под влијание на циклонска активност, во наредните денови се очекува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, умерен до засилен јужен ветер и постепен пораст на температурите.