Skip to main content
Скопје

По 5.000 денари за секое новороденче во Општина Бутел

02/01/2026  13:22

Секое новороденче во општина Бутел ќе добие еднократен паричен надомест во износ од 5000 денари. Градоначалникот Дарко Костовски изрази задоволство и истакна дека предизборното ветување за финасиска поддршка од 3000 денари за новороденче, се исполнува со зголемување на помошта, во износ од 5000 денари.

– Оваа поддршка е дел од Програмата за социјална заштита за 2026 година и наша заложба за подобрување на условите за младите семејства во општина Бутел. Ние не застануваме – инвестираме во инфраструктурата која ќе ја подобри иднината на секое дете. Градиме две градинки во Бутел 1 и Бутел 2, а во наредниот период ќе изградиме уште три нови градинки во Радишани, Визбегово и Бутел 1. Нашата визија е јасна, создаваме услови за развој и иднина за секое семејство, изјави градоначалникот Костовски.