Skip to main content
Свет

Најмалку пет лица, меѓу кои и три деца, загинаа во пожар во руска Јакутија

02/01/2026  09:40

Најмалку пет лица, меѓу кои и три деца, загинаа во пожар во село во Јакутија, Русија, соопштија локалните власти.

Според Министерството за вонредни ситуации на Јакутија, пожарот е предизвикан од краток спој, објавија руските медиуми.

Пожарот наводно избувнал во двокатна куќа во селото Сунтар и се проширил на површина од 24 квадратни метри.