
На 23.12.2025 во 09:00 часот на ул.„Рудничка” во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода П.М.(42) од кичевското село Лазоровци. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „алфа” со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,44 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.
