Skip to main content
Скопје

Делови од Бутел без струја

20/12/2025  08:13

Делови од општина Бутел денес ќе бидат без струја, а утре делови и од општина Чаир поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија АД.

Од 08:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од селото Љубанци, поточно делот кон Црквата „Св.Јован“ во општина Бутел. 

Од РЦУК посочуваат дека утре без електрична енергија од 8 до 13 часот ќе бидат корисниците од дел од ул.„Џон Кенеди“, (корисниците во околината на Веро маркет) и дел од ул.„Кемал Сејфула“ (корисниците во близина на стадионот) во општина Чаир.