
Метео анализа на Славчо Попоски:
Под влијание на голем влажен бран од југ денес (Петок 5 декември) времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд насекаде кај нас и истите ќе бидат обилни особено во јужните предели од Македонија каде локално за 24 часа ќе наврнат над 40 литри дожд. На планините пак над 1700/1800 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. И во Скопје и околината денес (Петок 5 декември) времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 9 степени.
Поради очекуваните обилни врнежи, целата територијата на Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза а југоисточните предели ќе се наоѓаат во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните обилни врнежи од дожд. Исто така, поради обилните врнежи од дожд повторно се очекува зголемувања на нивоата на реките и на езерата кај нас, особено во јужните предели каде се можни и нови локални поплавувања.
Апелирам поради можните нови поплавувања особено возачите да внимаваат како управуваат со своите возила, односно тие да не се движат покрај водотеците.
