Skip to main content
Македонија

Трипуновски во „Клик Плус“: Има сомнежи за многу нерегуларности во министерството за земјоделство, поднесени се шест кривични пријави

04/12/2025  22:00

Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство беше гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Со него дебатиравме на различни теми во областа на земјоделството.

Министерот рече дека за овие година и пол во министерството има сомнежи за многу нерегуларности, и дека се поднесени кривични пријави.

„Има за многу други нерегуларности во земјоделство. Во изминатите година и пол се фокусиравме на враќање во нормала. Нанесена е и сероозна штета, откриваме и злупотреби. Ветувањето беше дека ќе провериме и јас за мојот ресор поднесовме преку шест кривични пријави за претходни функционери во министерството“, рече Трипуновски.