Skip to main content
Македонија

„Откривме големи злоупотреби во користење на земјоделско земјиште“, вели Трипуновски

04/12/2025  21:43

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски во вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека во изминатите месеци биле откриени големи злоупотреби со користењето на земјоделско земјиште.

„Има големи злоупотреби. Просто кажано земате земјоделско земјиште, го давате на трети лица, не го работите, а земате субвенции“, рече Трипуновски.

Министерот кажа и за злоупотребите со монтирање на фотоволтаици на обработливо земјиште.

„Сега министерството за земјоделство дава земјиште за фотоволтаици од пониските класи како што се четврта, петта и така натаму“, вели Трипуновски.