Skip to main content
Свет

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија

04/12/2025  21:03

Парламентот на Швајцарија денеска изгласа намалување на ограничувањата за извоз на оружје.Така смета дека ќе ја поддржи локалната индустрија за оружје без да се поткопа традиционалната неутралност на земјата.

Кантоналниот совет ги поддржа измените во Законот за швајцарски воен материјал со 31 глас „за“ и 12 „против“, откако тие пред два дена беа одобрени од Националниот совет.

На швајцарските компании сега ќе им биде дозволено да извезуваат оружје во 25 западни земји.

Швајцарија моментално не дозволува извоз на оружје ако земјата примател е вклучена во домашен или меѓународен конфликт или ако сериозно ги крши човековите права.

И покрај законските измени и понатаму е забранет директен извоз на оружје во Украина.