
Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, апелира јавноста да не го злоупотребува случајот со стомачните тегоби кај учениците од ОУ „Димо Хаџи Димов“.
Тој посочи дека и самиот последниве денови чувствува слични симптоми, но потенцира дека е неопходно институциите да ги завршат анализите пред да се носат заклучоци и да се шири паника меѓу граѓаните.
„Не ширете паника, почекајте резултати,“ порача Лукровски, повикувајќи на трпение и доверба во надлежните служби додека ги утврдуваат причините за стомачните тегоби кај учениците.
