Skip to main content
Хроника

Две малолетнички пријавени за исчезнати во СВР Штип

27/11/2025  16:21

Две девојчиња на возраст од 15 и 13 години се пријавени дека се исчезнати, информираат од Секторот за внатрешни работи Штип.

– На 26 ноември 2025 година, околу 22 часот, во СВР Штип било пријавено исчезнување на две малолетнички од градот. Случајот го пријавиле нивните родители, С.М. (39) и Ѓ.М. (31) од Штип, кои информирале дека нивните ќерки, 15-годишната Ѓ.М. и 13-годишната Б.М., се оддалечиле од семејниот дом и не се вратиле.

Веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на девојчињата, а за случајот се известени сите надлежни служби.