Skip to main content
Македонија

ССКМ: ОДЛУКАТА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТАНА КОНКУРЕНЦИЈАТА Е ПЛОД НА ПРЕДХОДНОТO РАКОВОДСТВО ВО СОЈУЗОТ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ НА МАКЕДОНИЈА

27/11/2025  10:31

Изречената казна од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата се за дејствија кои се случувале во месец февруари 2025 година во кои Сојузот за стопански комори е вовлечен од страна на предходното раководство, непочитувајки ги структурите и кршејќи го статутот на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Ѓорѓиевски : „Ова се плодовите на работењето од предходното раковотство во Сојузот
на стопански комори на Македонија кои се потврдуваат со паричната казна добиена од
Комисијата за заштита на конкуренцијата, како и нарушување на угледот на ССКМ и една од големиот број на причини за кои е разрешено едногласно предходното раководство на вонредното собрание во јули 2025 година. Како нов преседател на Сојузот на стопански комори на Македонија ќе ја почитуваме одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата и изречената финансиска казна и во оваа прилика би истакнал дека единствено слободниот пазар е основниот параметар според кој сe формираат цените.“

Сојузот на стопански комори е организација која повеќе од две децении работи во
интерес на компаниите, стопанството и економскиот развој, почитувајки ги законските
рамки и принципите на професионалност, транспарентност и независност. Нашата улога
отсекогаш е да обезбедиме поддршка, информираност и размена на добри практики без какво било влијание врз деловните одлуки на компаните или нивните пазарни политики.