
Утрешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е откажано.
Судијката Диана Груевска – Илиевска изјави дека не ги поседува сите адреси на оштетените и нивните застапници, кои треба да бидат повикани за да се изјаснат за оштетното побарување.
На денешното рочиште, судијката ги евидентираше оштетените и нивните застапници кои беа присутни, но одлучи дека е потребно повеќе време за судот да ги извести сите оштетени за да присуствуваат на судењето. Следното рочиште е закажано за 2 декември, а до тогаш се очекува да заврши судската достава до оштетените и да се достават интегрираните обвиненија до сите обвинети, како што побараа нивните бранители
