Search

(Фото) Министерство за здравство потврди дека Државниот секретар зема одвоен живот покрај тоа што има само 87.5 км до Штип

Министерство за здравство потврди дека Државниот секретар зема одвоен живот покрај тоа што има само 87.5 км до Штип

Министерството за здравство вчера по електронска порака потврди дека Државниот секретар Др. Владимир Милошев зема одвоен живот.

stip.png

24 инфо го провери законот за административни службеници и истиот гласи:

‘‘Надоместокот на трошоците за одвоен живот не им припаѓа на лицата доколку местото на живеење е одалечено помалку од 100 километри од местото на работење‘‘

zakon.png

24 инфо провери колку километри има од Министерство за здравство до Штип и истото покажува дека има 87,5 км, што значи дека не му следива одвоен живот на Државниот секретар Др. Владимир Милошев.

Министерството за здравство не одговори на прашањето дали секојдневно си заминува Др. Владимир Милошев за Штип или неговиот личен возач со службеното возило Мерцедес си го користи за секојдневно патување Штип – Скопје.

Покрај злоупотребата на службените ресурси, службено возило и дополнителен надомест за одвоен живот, користи и посебни светлосни и звучни сигнали на службеното возило Мерцедес за избегнување на плаќање на патарините.

mercedessmilosev24.jpg

24 инфо јавно го прашува Министерството за здравство, дали на Државниот секретар му следува личен возач, дали му следува посебни светлосни и звучни сигнали, дали може да го користи службеното возило за патување Штип – Скопје за приватни цели?

 

Треба да знаете
Последни објави