
Вчера во 18.20 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, полицијата од Куманово го лишила од слобода 44-годишниот В.Ц. од село Жегљане, општина Старо Нагоричане поради возење во пијана состојба.

„При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал В.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,78 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица“, велат од МВР.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.