
33-годишна кавадарчанка била прегазена од млад возач кој по инцидентот избегал од местото.
– На 10.04.2025 во 20.15 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ресавска“, ул.„Јован Планински“ и ул.„Ѓорѓи Сугаре“ во Кавадарци, патничко возило удрило во пешакот Х.И.(33) од Кавадарци, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.И., констатирани во Општата болница Кавадарци, соопштија од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на случајот.