Search

Свршувачка на Мундијалот: Роналдо се жени?

Кристијано Роналдо веќе блесна на Светското првенство во Русија, како и неговата девојка Џорџина Родригез. Имено, таа верно ги следи сите натпревари на Португалија, а за време на вчерашниот натпревар против Мароко покажа еден детаљ, кој предизвика бура на шпекулации во светските медиуми.

 

Имено, Џорџина на натпреварот покажа голем дијамантски прстен на левата рака, а фотографиите на кои го покажува прстенот на друштвото на трибините го обиколија светот.

Се претпоставува дека Роналдо се свршил со својата девојка за време на Светското првенство, но за целото ова тој мудро молчи.

Вредното парче накит кое Џорџина го покажа, всушност е дијамант вреден 615.000 фунти.

Роналдо и Џорџина се во врска од 2016 година, а во 2017 година станаа и родители на ќерката Алана Мартина.

Роналдо и Џорџина се запознаа во Мадрид, а таа порано работеше како продавачка во една продавница за облека.

Треба да знаете
Последни објави