Детето масовен убиец го продолжува сведочењето во Специјалниот суд, денеска одговара на прашања на родителите

Момчето К.К. (14), кое изврши масовно убиство во основното училиште Владислав Рибникар во Белград, денеска е изведен во Специјалниот суд каде треба да продолжи да сведочи во судскиот процес против неговите родители Миљана и Владимир Кецмановиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој е донесен со возило на Брза помош во придружба на полицијата и ќе биде сослушан како сведок. Влезот во психијатриската болницата каде се наоѓа К.К. беше покриен со паравани, а припадниците на полицијата го прекрија телото на момчето-убиец спроведувајќи го во возилата до судот.

Треба да знаете
Последни објави