Дете од Драчево каснато од куче скитник, пријава има и од двајца скопјани

Двајца скопјани и дете вчера биле нападнати од улични кучиња во Скопје.

– На 16.10.2024 во 09.20 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Ј.(20) од Скопје пријавила дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 16.10.2024 во Полициската станица Центар, К.Ј.(48) од Скопје пријавила дека на ул.„Рајко Жинзифов“ во Скопје била каснат од куче со сопственик.
На 16.10.2024 во 21.25 часот во Полициската станица Драчево, И.А.(41) од Скопје пријавил дека на ул.„Жарко Зрењанин“ во Скопје, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник, соопштија од полицијата.

Треба да знаете
Последни објави