Улици од две скопски општини утре без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје, известуваат дека утре (четрврток):

– поради дефект на приклучна цевка ф 1“ на ул.Лондонска бр.9, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Лондонска од 09:00 часот до завршување (општина Карпош)

– поради дефект во шахта (промена на вентил ф3/4“) на ул.Божидар Аџија бр.12 во Студентскиот Дом Пелагонија, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул:Божидар Аџија, Иван Козарев, дел од Георги Димитров, Киро Крстевски и дел од Вера Јоциќ од 09:00 часот до завршување (општина Кисела Вода).

Треба да знаете
Последни објави