Таткото на Вања бил физички малтретиран пред началникот кој сведочеше, имаме и лекарски извештај, вели адвокатот Туфергџиќ

Aдвокатoт на таткото на убиената Вања, Владимир Туфегџиќ изјави дека началникот Музафер Калишиќ во денешното сведочење изнел само свое видување и сомнеж за поврзаноста на Александар Ѓорчевски со киднапирањето на ќерката.

„Тој не даде никаква аргументација на што се должи неговиот сомнеж. Од друга страна видовме дека да не биле Александар и Гоце уште би претпоставувале што и како се случило со овие лица и уште немаше да имаме епилог. Началникот во тоа време врши многу висока функција. Тој извлекол мислење дека само Александар му е сомнителен поради неговото чудно однесување. Токму овој сведок е човекот кој Александар го донел на обвинителна клупа без ниту еден аргумент и доказ, наместо да го направи она за што бил платен од граѓаните. Добро е што тој веќе не ја раководи таа служба“ рече Туфегџиќ.

– Advertisements –

Тој додаде дека началникот Калишиќ не ја кажал вистината за малтретирањето на Александар во полициската станица.

„Пред него се одвива целата тортура врз Александар. Тој е во просторијата заедно со Алекандар и заедно со двајца или тројца негови колеги. Тоа што го кажа инспекторот не е точно, тоа се одвивало пред неговите очи. Имаме и лекарски извештај каде при преглед се утврдени повреди кои се настанати точно кога Александар бил во полициска станица“ посочи Туфегџиќ.

Треба да знаете
Последни објави