Пронајдено починато лице со изгореници по телото

Вчера во 11.43 часот во СВР Тетово, М.С.(45) од с.Речане, тетовско, пријавил дека во дворот од семејната куќа во с.Чајле, тетовско, го пронашол починат и со изгореници по телото неговиот вујко М.Х.(63), кој имал здравствени проблеми.

Увид на местото извршиле екипа од ОВР Гостивар и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, соопштија од СВР Тетово.

Треба да знаете
Последни објави