Група насилници му се нафрлиле на скопјанец кај Бит-пазар, му украле телефон и пари

43-годишен жител на Скопје вчера бил нападнат и ограбен кај Бит-пазар од неколкумина насилници, соопшти полицијата.

„На 15.10.2024 во 16.40 часот во СВР Скопје, Т.М.(43) од Скопје пријавил дека на 14.10.2024 околу 16.30 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неколку лица кои му одзеле мобилен телефон и пари“, велат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави