Уапсен македонски државјанин во Косово: Во Македонија е баран за издржување казна од 6 години затвор

Косовската полиција, конкретно единицата од Управата за меѓународна соработка во владеењето на правото при полицијата на Косово (ФАСТ/FAST), вчера во Урошевац уапсила државјанин на Република Македонија по кого била распишана меѓународна потерница, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното соопштение на косовската полиција се наведува дека 50-годишниот македонски државјанин, со иницијали Х.Ф., е уапсен во заедничка акција на ФАСТ со единицата за истрага на наркотици во Урошевац.

-На 14.10.2024 година, во градот Урошевац, од страна на Управата за меѓународна полициска соработка на КП, поточно единицата ФАСТ, поддржана од одделението за истрага на наркотици во Урошевац, е извршена координирана полициска акција, при што е приведен граѓанинот од С. Македонија со иницијали Х.Ф., (година на раѓање 1974), кој со меѓународна потерница од РС Македонија е баран за издржување казна затвор во траење од шест години, се наведува во соопштението.

По завршување на постапките, со решение на Специјалното обвинителство, осомничениот е испратен во полициски притвор во траење од 48 часа, за да продолжи со другите законски постапки, информираат од полицијата.

Треба да знаете
Последни објави