Автомобил излета од патот Ресен – Битола, возачот тешко повреден

Вчера во 14.00 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен–Битола, на место викано „Макази“, патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од А.С.(38) од Ресен излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Ресен.

Треба да знаете
Последни објави