Се степале две пензионерки кај Бит-пазар

Седумдесетгодишна жена од Скопје вчера пријавила во полиција дека пред влезот во станбена зграда кај Бит-пазар била нападната од три години постара сограѓанка, соопшти полицијата.

„На 12.10.2024 во 13.13 часот во СВР Скопје, С.Д.(71) од Скопје пријавила дека околу 12.30 часот пред влез на станбена зграда на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од Ј.А.(74) од Скопје“, се вели во кусото полициско соопштение.

По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави