Почина маж од Демир Капија кој бил најден во бессознание во река

Пред два дена во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека дека околу 08.15 часот, на место викано „Смрдлива вода“, во реката било пронајдено машко лице во бессознание.

„Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за Н.С.(63) од Демир Капија“, соопшти МВР во дневниот билтен.

Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 17.30 часот лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Треба да знаете
Последни објави