Пелистер го совлада шампионот

Кошаркарскиот клуб на Пелистер триумфираше со 68-67 над екипата на МЗТ Скопје во големото дерби на второто коло од домашното првенство, резултат со кој битолчани се реваншираа за поразот во Супер-купот на Македонија од истиот ривал.

Дербито донесе неизвесен меч и се решаваше буквално во последните секунди, а херој на битолчани беше Американецот Антоан постигнувајќи ги победничките поени на четири секунди до крајот.

Антоан беше најефикасен кај Пелистер со 16 поени, 13 постигна Костоски, а 10 Бојиќ. Најдобри поединци кај МЗТ во денешниот пораз беа Слај со 13 и Крстевски и Копривица со по 11 постигнати поени.

Треба да знаете
Последни објави