13.000 долари бакшиш? Васе открива како е да се работи на брод

Васе, келнер кој повеќе од 30 години живее и работи во Скопје за 24инфо.мк раскажува како е да се работи на крузери и прекуокански бродови.

Уште во далечната 2008 година Васе започнува да работи на брод. Почнал од стандардна позиција но успеал да смени неколку позиции па дури и да биде одговорен за бармените на бродот.

На прашање колку се заработува, Васе вели дека како келнер или шанкер на брод за само еден месец се заработува колку во Скопје за цела година.

Бакшиш од 13.000 долари

Според Васе многу е важно да ја сакате работата што ќе ја работите на брод, затоа што целото функционирање на брод е многу напорно.

„Се работи по 10 до 12 саати во денот. Секое утро мора да бидете на работа уште во 6.30 часот, кошулата мора да ви е испеглана, мора да се избричени и свежи за работа. Се работи напорно, цело време сте во движење и цело време мора да бидете позитивни затоа што вие ја претставувате компанијата. Буквално сите вработи функционираат како војска, се знае кој е кој во хиреархијата” вели тој.

Запрашан колку може да се заработи од башкиш, Васе вели дека тој само од еден гостин, за една недела успеал да заработи 13.000 долари.

„Имаше еден господин од Тексас, САД и ми нарачуваше еден вид на пиво. Пивото чинеше десет долари и господинот прво ми даваше по 25 долари за едно пиво, па по 50 па по сто долари велејќи да го задржам кусурот. За цела недела што служев успеав да заработам околу 13.000 долари“ вели Васе додавајќи дека дел од гостите сепак не се толку дарежливи, но и дека речиси сите оставаат некаков башкиш.

Бегање од урагани

Васе најчесто работел на бродови кои пловеле кон Карибите и Средна Америка, еднаш кузерот морал да бега од ураган.

„Беше тоа во 2017 година кога удри ураганот Хозе. Наместо 12 дена, на море бевме 19 дена односно седум дена плус затоа што бегавме од ураганот. Бидејќи сите набавки се планирани однапред, ние остаавме без вода, без храна и беше доста сериозно, но друг брод ни донесе храна и вода за да можевме да се прехраниме и ние како вработени, но и гостите на бродот“ рече Васе.

Нулта толеранција за криминал и недолично однесување

За тоа дали е безбедно да се работи на брод, Васе открива дека тоа е една од најбезбедните локации.

„Сите бродови имаат политика на нулта толеранција. Ако некојнаправи каков било проблем веднаш се апси од обезбедувањето се чува изолиран во посебна кабина каде му се носат храна и вода, а потоа кога бродот ќе влезе во некоја држава, тогаш виновникот се предава на тамошните власти кои потоа го депортираат до неговата татковина“ кажа Васе.

Меѓу интересните случки од бродот Васе издвијуа и дека нашол плико со пари со околу 60.000 долари и пликот го има пријавено на бродот, а по неколку денови се појавил нивниот соптвеник кој ги зел парите, но не дал никаков подарок за пронаоѓачот, во случајот Васе.

„За да работиш на брод на која било позиција, мора да поминеш строги обуки и за давање прва помош и за гаснење пожари“ вели тој додавајќи дека самиот во неколку наврати гасел ситни пожарите во кујната.

Сепак, додава тој, бродот не е место на кое секој би можел да работи. Васе откри дека на еден од ангажманите младо момче од соседна Србија се самоубило бидејќи не можел да издржи.

За оние кои се двоумат дали да заминат на брид Васе ги охрабрува да пробаат и да видат дали се за тоа.

„За да се живее постојано не може да се живее, но за да се извадат добро пари вреди да се проба. Ги охрабрувам сите кои се помлади да се обидат да истераат договор два или три и да создадат капитал. Порачувам и да не прифаќаат најниски позиции, туку да вложат во обуки да можат да бидат бармени, коктел мајстори и така ќе заработуваат многу повеќе“ вели Васе во интервју за 24инфо.мк

Треба да знаете
Последни објави