Дуња – есенска кралица во широка примена во народната медицина

Дуњата е овошје кое со векови има посебно место во народната медицина, благодарение на нејзините богати хранливи вредности и лековити својства. Таа е исклучително корисна за ублажување на кашлица, смирување на стомачни тегоби, и го поддржува целокупното здравје.

Покрај тоа што може да се јаде свежа, дуњата е одлична и за правење сокови, компоти и сирупи кои исто така помагаат во решавање на многу здравствени проблеми. Во својот состав, дуњата изобилува со витамини и минерали, меѓу кои доминираат витамин Ц, кој е присутен во поголеми количини отколку во лимонот, и витамини Б1 и Б2. Исто така, содржи ниацин, каротен, калциум, магнезиум, бакар, калиум, цинк, железо, и други есенцијални нутриенти.

Еден од највредните делови на дуњата се нејзините семки. Кога семките се натопуваат во вода, тие испуштаат слуз која помага во лекување на кашлицата и ги чисти дишните патишта. Покрај тоа, семките содржат амигдалин, познат и како витамин Б17, кој е познат по своето антиканцерогено дејство. Семките исто така се богати со масти, танини, пектин и шеќери, кои играат важна улога во одржување на здравјето.

Лековити својства на дуњата:

•   Кашлица и респираторни проблеми: Дуњата е одличен природен лек за смирување на кашлицата. Сокот од дуња помага при астма и дијареја, додека чајот од семките е ефикасен за чистење на дишните патишта.
•   Цревни проблеми: Благодарение на танинот и пектинот, дуњата го подобрува функционирањето на цревата и спречува инфективни заболувања. Таа е корисна и за ублажување на воспаленија на желудочната и цревната слузокожа.
•   Крвен систем: Пектинот во дуњата има позитивен ефект врз крвниот систем, помагајќи во намалување на високиот крвен притисок, и нуди заштита од радиоактивни зрачења.
•   Анемија и менструални проблеми: Печената или варена дуња е препорачлива за анемични лица и може да помогне во ублажување на обилни менструации.

Како да подготвите сок и чај од дуња:

•   Сок од дуња: Измијте и ситно изрендајте еден килограм дуњи, потоа исцедете го сокот низ газа и испијте го веднаш бидејќи брзо оксидира. Најдобро е сокот да го консумирате пред јадење.
•   Чај од дуња: Натопете семки од дуња во топла вода, оставете ги да отстојат неколку минути, потоа испијте ја течноста.

Дуњата, со своите многубројни корисни својства, е природен лек кој го поддржува здравјето и треба да биде дел од нашето секојдневие.

Треба да знаете
Последни објави