Недановски: Очекував повеќе публика

Во СЦ Јане Сандански имаше публика, но далеку од оние најдобри времиња на клубот, а тоа го изјави и тренерот Владо Недановски.

-Честитки до Валур за одличната игра. Мило ми е што повторно во „Јане Сандански“ гледаме европски ракомет. Очекував повеќе луѓе во салата, но очигледно само тие што го сакаат навистина Вардар беа тука. Одигравме одлично прво полувреме пред се во одбраната. Ги искористивме нашите можности да постигнуваме лесни голови, но загрижен сум бидејќи одигравме одлично прво полувреме, но во второто потфрливме. Треба да работиме тоа да го подобриме, мораме повеќе да се потрудиме. Бевме подготвени за овој напад, но не ја спречивме нивната транзиција. Се работи за екипа која технички е спремна, многу трчаат. Најважно е дека започнавме со победа, -порача Недановски.

Треба да знаете
Последни објави