Барди: Секогаш кога играме за наационалниот тим даваме се од себе

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди очекува нов добар меч на нашата фудбалска репрезентација на дуелот против Летонија во рамките на Лигата на Нации.

Барди ветува сличен пристап и одлучност да се освојат трите бода.

„Како и секогаш, одговорноста е кај сите нас. Јас ќе го дадам својот максимум, па дај Боже да биде како пред пет години. Помина грипот, добро се чувствувам и максимално сум подготвен за настап. 

Кога играте под притисок за докажување, секогаш вадите од себе максимален квалитет. Притисокот треба секогаш да го чувствуваме и треба да најдеме начин да го дадеме најдоброто од себе“, рече Енис Барди

Треба да знаете
Последни објави