Мартија Станојковиќ ужива со ќерката на Иван од Либеро: С’с тетке (ФОТО)

Поранешните пинкови ѕвездички Мартија Станојковиќ и Антониа Гиговска беа неразделни пријателки, па така додека Гиговска беше во врска со Иван Јованов, фронтменот на Либеро бенд, и Мартија се спријатели со него.

Таа во неколку наврати кажа дека со Иван се куќни пријатели, но по се изгледа на Антониа и пречеше тоа што останаа во добри односи и по прекинот на нивната врска, па го прекинаа пријателството.

Сепак Мартија и Иван долго време и настапуваа заедно, а и приватно се дружат, па така сега токму таа на социјалните мрежи сподели фотографија од синчето на Јованов.

Под фотографијата Иван напиша на кумановски “С’с тетке стринке”.

Треба да знаете
Последни објави