Манев: Не потценуваме никого, но и ние ја гледаме нашата шанса

Фудбалската репрезентација на Македонија е пред два нови предизвици во Лигата на нации каде играме против Летонија и Ерменија и двата натпревари ги играме на гостински терен.

Во пресрет на натпреварите репрезентативецот Јован Манев  изјави дека никого не потценуваат и веруваат дека во Летонија ќе освојат три бода, а потоа ќе се насочат кон натпреварот со Ерменија.

„Од натпревар во натпревар има разлика. Ние никогаш не потценуваме никого, затоа што во фудбалот не постојат фаворити. Ќе пристапиме максимално во Летонија и ќе ги освоиме трите бода, а потоа сите мисли ќе ги насочиме кон Ерменија“, рече Манев.

Треба да знаете
Последни објави