Ѓорѓи Начевски е избран за претседател на ракометни судии на Македонија

Здружението на ракометни судии на Македонија денес во Кавадарци одржа Изборно собрание, на кое главна точка беше избор на претседател на здружението.

Присутните ракометни судии едногласно го избраа Ѓорѓи Начевски за претседател на Здружението на ракометни судии на Македонија. Начевски на чело на оваа позиција ќе биде во следните четири години.

Исто така избран беше и нов управен одбор, нов надзорен одбор, стручна комисија. Донесени се многу одлуки и правилници за идниот мандат од четири години.

Треба да знаете
Последни објави