Независниот синдикат на полицијата бара платите да се исплаќаат секој први во месецот

Независниот синдикат на Полицијата излезе со свој став околу терминот за исплата на плати во полицијата и бара таа да се случува секој први во месецот.

„Во време кога платите во полицијата се далеку од достоинствени и значително заостануваат зад земјите од регионот, упатуваме реакција во врска со прекршувањето на децениската практика истите да се исплаќаат на првиот работен ден во месецот. Свесни за законски утврдениот рок за исплата на плата до 15ти во месецот, добивањето на плата на првиот работен ден од месецот на вработените во полицијата им нуди одредена стабилност и сигурност, како и можност за планирање на своите плати кои не нудат комодитет за покривање на трошоците повеќе од еден месец. Сметаме дека во период кога нема пари за покачување на платите, ова дополнително ќе влијае на мотивацијата и посветеноста на вработените и бараме истата да биде задржана како добра практика и непишано правило во иднина“ се вели во реакцијата на Синдикатот.

Треба да знаете
Последни објави