Трагедија во Загреб: Воз прегази малолетник

Денеска наутро воз налета на малолетник во околината на Загреб. Според полицијата, околу 8.50 часот тие добиле пријава за настанот, но поради тоа што се работи за малолетник, не соопштуваат повеќе информации.

Како што пренесуваат медиумите, малолетникот починал.

Најверојатно, се работи за несреќен случај, соопшти Јавното обвинителство на Загреб. Според тамошните медиуми, најверојатно се работи за малолетник што тргнал на тренинг.

Поради инцидентот, патничкиот сообраќај според хрватските железници бил во прекин и сообраќајот се одвивал преку помошни транспортни релации.

Треба да знаете
Последни објави