Нов пораз на Е.Пелистер во Лигата на Шампионите

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го доживеаја и третиот пораз оваа сезона во Лигата на шампионите.

Битолчани уште еднаш немаа сили да дојдат до бод(ови), па од гостувањето кај Динамо Букурешт се враќаат со убедлив пораз од 34-25.

Неизвесно беше само во почетната фаза од мечот, односно до 5-5, а потоа Динамо со серија од 3-0 за одлепи на 8-5. Домашните во продолжение од првото полувреме само ја зголемуваа предноста, се до највисоките +6, односно 19-13 на паузата.

Второто полувреме започна слично како и што заврши првото, со доминација на Динамо и серија од 5-0 за високи 25-15. До крајот на мечот романците знаеја како да ја одржуваат оваа предност и да ја сочуваат победата, трета за нив во оваа сезона во Лигата на шампионите.

Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски, беше најефикасен на мечот со девет гола.

Треба да знаете
Последни објави