Непознати мажи на мотори му дошле на тетовчанец пред штала и почнале да пукаат

Вчера во 08.00 часот во СВР Тетово, Ф.Р.(67) од с.Камењане, тетовско, пријавил дека додека ги напасувал овците во атарот на село Јеловјане, тетовско, две лица со мотоцикли дошле до неговата штала и потоа слушнал неколку истрели од огнено оружје, при што бил оштетен ѕидот и вратата на објектот.

Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави