(Видео) Возила на Итна помош заглавени среде Клинички

Закрчени улици и паркинзи, пакрирани автомобили пред влезови, на тревни површини и на места за инвалиди се секојдневна слика за вработените и за оние кои имаат потреба да дојдат до Клиничкиот центар во Скопје.

Таква беше сликата и утрово.

Две возила на Итната медицинска помош што превезуваа пациенти беа долго време заглавени на влезот и во кругот на комплексот клиники а поради закрченоста ниту еден автомобил не можеше да се помести и да направи простор тие да поминат.

„Снаодливи“ возачи но и „снаодливи“ граѓани“ кои печалат од гужвите

Преполнетоста на паркинзите во Клиничкиот центар доведува и до несејкодневна бизнис идеја кај некои граѓани.

Имано на големиот паркинг спроти Клиниката за хематологија стојат неколку млади момчиња кои на граѓаните им помагаат да влезат во паркингот, ги водат до некое слободно место и потоа ги насочуваат како да паркираат.

Читател кој ни го испрати видеото сведочи дека тие за возврат побарале симболична сума на пари или за возврат да купат миризливи средства за автомобил што тие ги продаваат.

Но дури и да најдете паркинг на Клиники, нова мисија ќе ви биде да излезете од комплексот, а ако тоа го правите до 16.00 часот, значи дека може да „заглавите“ и до половина час само додека излезете особено ако го користите излезот кон „Водљанска“.

На излезот кон „50 Дивизија“ пак можат да се забележат голем број на искршени пластични столпчиња од страна на „снаодливи“ возачи кои и натаму се паркираат на тој простор.

Треба да знаете
Последни објави